Аероклубот „Скопје“, како најстар аероклуб во државава, кој годинава одбележува еден век од основањето, ги повикува сите поранешни членови и нивните семејства, да ги споделат своите спомени и фотографии од нивното време во клубот.
Како што наведуваат во архивите на аероклубот, постојат дневници на летање и скокање, списоци со членови, фотографии и видеа, но оттаму веруваат дека потребно е да ја зачуваат нивната историја преку личните приказни и стари фотографии на сите кои биле членови на клубот.