Аеро Клуб Скопје

Аероклубот „Скопје“ ја почна обуката за нови падобранци: „По првиот скок, почетниците пловат по облаци иако веќе слетале

Едни ќе речат дека падобранството е само метод да се спасиш ако паѓаш од високо. Други, пак, дека е екстремно, страшно и непотребно. И тоа е нивната вистина. За падобранците од аероклубот „Скопје“, кој годинава слави 100 години, падобранството е начин на живот.

Јане Стефанов е инструктор за скокови со падобран и портпарол на Аероклубот „Скопје“. Вели дека падобранството е најдобрата спортска активност со која се занимавал во својот живот.

– Сум летал со разни летала, но никаде не најдов совршен момент како во слободниот пад. Сите други активности во животот ги моделираме да му припаднат на нашиот свет, негде горе на небото. Падобранството е воздухопловен спорт кој е дефиниран со свои правила, регулиран со Закон за воздухопловство, правилници за обука и лиценцирање, системи на натпревари во различни дисциплини. Затоа и не ја разбирам идејата дека падобранството е екстремно. Статистички повисок коефициент на ризик има фудбалот отколку падобранството. Да поткрепиме со бројки – стапката на повреди во падобранството е 0,003% на 1.000 изложени спортисти. За споредба, во фудбалот има 0,34%, во хокејот има 0,27% и во кошарката 0,2% – вели Стефанов.

Прочитајте повеќе на странта на fakulteti.mk.