Ч.П.П.

Често поставувани прашања (ЧПП)

На аеромитингот можете да дојдете на три начини:

  1. Специјална автобуска линија од Скопје до Стенковец. Автобусите кон Стенковец ќе поаѓаат од четири локации во Скопје.
  2. Велосипед. Аеродромот Стенковец е на само 9 километри од центарот на Скопје.
  3. Автомобил. Оваа опција не ја препорачуваме, затоа што најблискиот паркинг ќе биде оддалечен околу 30 минути пешки од аеродромот.

Не, домашните миленици не се дозволени заради Вашата и нивната безбедност, но и заради безбедноста на пилотите. Пистата не е физички изолирана од просторот за посетителите, а секогаш постои ризик животното да се најде во погрешен момент на погрешно место, особено на места каде што има метеж од многу луѓе.

Дополнително, авионите се бучни и може да ги вознемират животните.

Ве охрабруваме да користите велосипед, но од безбедносни причини велосипедите треба да се остават на паркингот за велосипеди.

За време на Аеромитингот ќе се воспостави ограничен режим на сообраќај, а сообраќајот на локалните патишта околу аеродромот ќе го регулираат посебни единици на сообраќајната полицијата.

Влез во аеродромот ќе им биде дозволен само на возилата со специјални пропусници издадени од организаторот на аеромитингот.

За мотоциклите и велосипедите ќе има посебен паркинг близу аеродромот.

За ВИП гостите, акредитираните новинари и гостите со попреченост ќе има посебен паркинг и алтернативен влез на аеродромот.

Ви предлагаме да носите удобна облека и чевли што одговараат на временските услови, капа, очила за сонце и крема за сончање.

Ве охрабруваме да си понесете ќебе или камп-столче.

Низ целиот аеродром ќе има повеќе продажни места за пијалаци и закуски, но не е забрането да си носите сопствени грицки и вода.

Најголем приоритет на Аероклуб Скопје е безбедноста на луѓето и безбедноста на летањето. Со гордост можеме да кажеме дека во текот на стогодишното постоење немало сериозни инциденти.

Аероклубот тесно соработува со државните и локалните организации со цел да се заштити безбедноста на гледачите и екипажот. Во организацијата се вклучени Агенцијата за цивилно воздухопловство, полицијата, армијата и Црвениот Крст.

За време на вашата посета, ќе забележите лица за обезбедување и видливо означени волонтери. За настанот да се одвива непречено и безбедно, следите ги нивните упатства без исклучоци.

Движењето на посетителите на Аеромитингот е ограничено на областите предвидени за посетители. Овие Области ќе бидат означени на информативни табли, оградени со ограда, мрежа, лента или едноставна бела линија. Движењето надвор од одредените области е забрането! Ве молиме следете ги упатствата на лицата за обезбедување.

• На најголемата изложба на авиони можете да се фотографирате себеси покрај авионот и со пилотите од безбедна далечина. Следете ги упатствата на лицата покрај авионот.

Со дозвола на екипажот, можете да се качите и на некои од авионите.

• Забрането е преминување преку заштитните огради или другите ознаки за ограничување на движењето.

Списокот на учесници ќе биде објавен веднаш откако нивното присуство ќе биде официјално потврдено.

На 16 септември 2023. Вратите се отвораат во 9:00 часот наутро, а настанот ќе трае до 19:00 часот.

Детална програма побарајте на оваа Интернет страница.

Со еден едноставен чекор: пополнете го формуларот на https://skopje.aero/volonteri/. Бројот на волонтери и ограничен.

По повод овој аеромитинг, ЈСП обезбеди автобуска линија од 4 локации во Скопје до аеродромот Стенковец. Деталните информации и дневниот возен ред ќе бидат објавени во најкус можен рок.

Областите каде што се паркирани авионите што летаат се забранети за јавноста од безбедносни причини.

За паркирање возила на лицата со попреченост предвиден е посебен паркинг. Овие возила мора да бидат означени со вообичаената ознака за возилата на лица со попреченост.

Посебна автобуска линија ќе патува од 4 локации во Скопје кон Аеродромот Стенковец и назат повеќе пати во денот.