Аероклубот Скопје, како најстар аероклуб во државава, кој годинава одбележува еден век од основањето, ги повикува сите поранешни членови и нивните семејства, да ги споделат своите спомени и фотографии од нивното време во клубот.
Клубот ги охрабрува сите поранешни членови да ги споделат своите искуства, без разлика колку се големи или мали, бидејќи секоја приказна ќе помогне да се наслика поцелосна слика за историјата на клубот. Оваа година кога прославивме еден век од основањето на Аероклубот должни сме да се сетиме и да ги споменеме сите членови кои со своето несебично залагање направиле Аероклубот да биде тоа што е денес, сериозна воздухопловна организација, се вели во соопштението.