Политика за приватност

Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернет страна и/или користите некоја од нашите услуги преку истата. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствариме нашите законски задачи и овластувања.

Контролор на збирки на лични податоци

Контролор на личните податоци е Здружението за афирмација на воздухопловството АК СКОПЈЕ, Чучер Сандево  (во натамошниот текст: Аероклуб Скопје), со седиште на Спортски Аеродром Стенковец бр. 151А, 1011 Чучер Сандево, Скопје, Република Северна Македонија.

Аероклуб Скопје е здружение на граѓани – љубители на воздухопловството, спортски воздухопловци – моделари, едриличари, падобранци, пилоти, пилоти со лесни летала, балонари и дејности поврзани со воздухопловството.

Аероклубот врши дејност од јавен интерес, од областа на воздухопловството и воздухопловниот спорт од домашната и меѓународна натпреварувачка лига.

Аероклубот е Регистриран центар за обука на пилоти, едриличари и падобранци во Агенцијата за цивилна воздушна пловидба според Правилниците за стручно оспособување, проверки, дозволи и овластувања кој пак се направени врз основа на Законот за воздухопловство.

Бараните информации се во согласност со побарувањата на Агенцијата за цивилна воздушна пловидба на Република Северна Македонија.

Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.

Чии податоци собираме

Можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:

  1. Посетители на нашите интернет страници aeroclub.mk, www.aeroklubskopje.mk и www.skopje.aero. Вообичаено собираме податоци за навигација (види подолу) кои се користат за анализирањето на податоците од посетите на нашата веб- страна како и за одржување на информациска сигурност на нашата веб страна. Повеќе за употребата на колачиња прочитајте ја нашата политика за користење на колачиња.
  2. Членови на Аероклубот и кандидати за обука во било која воздухопловна дисциплина, Учесници на наши настани и активности. Овие формулари содржат информации за идентитетот на подносителот во согласност со побарувањата на Агенцијата за цивилна воздушна пловидба на Република Северна Македонија.
  3. Лица кои бараат пристап до информации од јавен карактер врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. За да се обработат барањата за пристап до информации од подносителите се бара да достават одредени податоци, врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
  4. Учесници на обуки, конференции и настани– Лични податоци за цели на спроведување на обуки и настани организирани од Аероклубот Скопје.

Категории на податоци кои се обработуваат

Податоци за навигација

При посетата на нашата интернет страна серверот, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:
  • Вашата интернет протокол (IP) адреса;
  • Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
  • Вашиот оперативен систем;
  • Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
  • Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја страна;
  • URL на страната која ве префрлила на нашата веб-страна и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете страната на Аероклубот;
  • Јазикот на пребарувачот кој го користите;
  • Држава (се одредува преку IP адресата).
Серверските логови автоматски се бришат во рок од 15 дена, освен доколку околностите налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад. Одржувањето на серверите и сите активности на веб страната ги спроведува компанијата МАКС ХОСТИНГ, ул. Пандил Шишков бр.3/2/9, 1000 Скопје / Р.С. Македонија/ 02 3172 808/070 222 358 / 078 221 696/ www.maxhosting.mk за кои имаат безбедносен сертификат. Анализирањето на податоците кои се пренесуваат од посетите на нашата веб- страна се прави интерно со Google Analytics алатката.

Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат

Лични податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб- страна, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, како би ни овозможиле да ги оствариме нашите побарувањата на Агенцијата за цивилна воздушна пловидба на Република Северна Македонија според Законот за воздухопловство и постоечките Правилници и да понудиме подобра услуга во Аероклубот. Може да собереме некој од следниве категории на лични податоци: име и презиме, име на еден од родителите, корисничко име, е-маил, датум на раѓање, место на раѓање (град, држава), лична карта, број на пасош, брачна состојба, општо образование, адреса на живеење (улица и број, град, држава), државјанство, единствен матичен број, крвна група, телефон, Пилотски и падобрански дозволи, Медицински уверенија од Воздухопловна медицина, Книшка на летови/скокови, Документи за регистрација на авиони, Осигурувања од штети итн. Сите овие информации се потребни за нормално функционирање на Аероклубот.

Како ги собираме личните податоци

Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:
  • преку Вашето користење на нашата веб страна, вклучувајќи ги овде и формите за аплицирање;
  • преку нашиот e-mail
  • преку пошта,
  • усмено.
  За усните барања, се подготвува записник кој се потпишува од страна на лицето кое го поднело усното барање и од страна на лицето вработено во Аероклубот, кое го составило записникот и заведено во архивата на Аероклуб Скопје.  

Категориите на корисници на лични податоци

Активностите на обработка на лични податоци поврзани со on-line формуларите достапни преку интернет страните на Аероклуб Скопје, се извршуваат од страна на вработените одговорни за овие услуги или лицата задолжени за извршување на соодветната активност. Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна, на трети лица, освен во следните случаи:
  • Во случај на ангажирање на даватели на услуги ако Аероклуб Скопје ги ангажира како обработувачи со што ќе бидат обврзани да постапуваат по упатствата на Аероклуб Скопје и обезбедат заштита на личните податоци кои се обработуваат при обезбедувањето на тие услуги.
  • По барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа.
 

Време на чување на собраните податоци

Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени во планот и листите согласно прописите за архивски материјал и списокот со рокови на чување на личните податоци на Аероклуб Скопје.  

Кои се Вашите права?

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
  • право да бидете информирани за обработката на личните податоци
  • право на пристап до личните податоци
  • право на исправка и бришење на личните податоци
  • право на ограничување на обработката на личните податоци
  • право на приговор
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да прочитате на https://azlp.mk/.  

Право на поднесување на барање до Агенцијата за заштита на личните податоци

Ако сметате дека начинот на кој Аероклуб Скопје ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци, како надзорно тело, по која ќе се постапува на ист начин како и секое друго поднесено барање, согласно член 97 од Законот за заштита на личните податоци.

Промена на политиката за приватност

Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.

Да се биде дел од овие 100 години на Аероклубот Скопје е чест и привилегија, но исто така е должност за неговата добра иднината.

- Аеро Клуб Скопје